2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Хотелот ,,Молика" на Пелистер од денес државен карантин за 90 лица

Март 28, 2020

 

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица кои ќе се вратат од странски држави. Од ЕСМ соопштија дека лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот ,,Молика”.

„Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација“, велат од ЕСМ.

На располагање на државата за овие потреби од страна на АД ЕСМ и се ставени и хотелите ,,Попова Шапка” и ,,Славија” на Попова Шапка, каде се очекува во текот на утрешниот ден да се сместат граѓани за кои беше обезбедено организирано враќање од странство и кои ќе го поминат изолациониот период во овие капацитети.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани