2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Завршен вонредниот инспекциски надзор во Старскиот дом, изречен сет од 12 мерки

Април 10, 2020

Комплетно е завршен вонредниот инспекциски надзор во Старскиот дом во Битола откако таму беше евидентирано лице заболено од КОВИД-19 и изречен беше сет од 12 мерки кои ги презедоа, рече Иринка Сотирова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„ДСЗИ зиврши вонреден инспекциски надзор зааеднички со епидемиологот од Центар за јавно здравје Битола, при тоа донесени се сет на повеќе од 12 мерки кои им се наложува на Старскиот дом да ги изврши. Меѓудругите тоа е изолација на луѓето кои биле во контакт со заболеното лице, дезинфекција на просторот, немешање на персоналот кој работел во овој оддел со другите оддели, сет на мерки, веќе е направен и вонреден иснпекциски надзор и се почитуваат“, рече Сотирова.

Таа појасни дека штитеникот десет бден пред да биде примен во Домот имал контакт со внука од ризичните земји.

„Примен на 18 март годинава , претходно имал контакт со внука која допатувала од ризична земја, а контактот бил на 9 март. Симптомите кај него се појавиле на 2 април годинава , веднаш е тестиран и на 4 април е добиен позитивен резултат за КОВИД-19 . Хоспитализиран е на Инфективното одделение во Битола и до овој момернт е во добра општа состојба“, рече директорката

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани