2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС ГО КРАДАТ ПОКРИВОТ ОД ТРИКОТАЖАТА „ПЕЛИСТЕР“

Мај 03, 2020

За време на полициски час непознати лица вчера, а и во неколку други наврати краделе  делови од покривот и други предмети од поранешната Фабрика за трикотажа „Пелистер“,  реагираат жителите од куќите во соседството. Тие кажуваат дека во период додека траела забраната за движење, виделе лица качени на покривот од фабиката како го корнат лимот и други материјали од објектот.  

 

„За ова неколкупати пријавувавме во полицијата. Последен пат ги видовме вчера качени на покривот од фабриката и ги фотографиравме зашто на одговорните кога и да ги пријавевме ни велеа дека направиле контрола, но не ги затекнале таму. Во дел од објектот покрив скоро и да го нема, го однесоа. Кога е полициски час можете и да ги чуете додека ги откронуваат материјалите. Револтира тоа што крадат од еден ваков голем капацитет, па си зеле за храброст  тоа го прават и во полициски час“, велат битолчани кои живеат во околината.

Исто така, крадат и  бакарни кабли со што неодамна крадците предизвикаа и проблеми со струјното напојување на објектите во оваа населба.  

trikotaza

(Фото: Низ прозорците се гледа дека дел од покривот недостига

Фабриката е во стечај од 2017 година и запрен е производствениот процес. Таа беше најголемиот битолски конфекциски гигант кој успеа да ги преживее сите транзиции со распадот на социјализмот и на работа задржи околу 200 работници. Но, пред две и пол години по барање на доверителите за наплата на долговите, процесот на производство запре по 95 години работа. Сега доколку не се преземат итни мерки за заштита и одржување на просторот, Фабриката може да ја доживее истата судбина како на другите некогашни текстилни фабрики чии објекти се распаѓаат.  trikotaza 3

ТРИКОТАЗА 2

ДОКУМЕНТИ

(Фото: Ете Како се чуваат документите од работењето ан Трикотажата

Од Битолската полиција потврдија дека често добиваат пријави од соседите за крадци во Трикотажата. Неодамна интервенирале по таква пријава и таму  затекнале неколку лица за време на полициски час. Но, лицата кај себе имале безвредни  премети кои не потекнувале од кражба во Трикотажата. Сепак, против нив биле поднесени пријави за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани