АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Клавирот кај кружниот тек на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола е отстранет, објави „Нова Македонија“.
Инаку, клавирот беше поставен во 2014 година како декорација на кружниопт тек додека на власт беше екс градоначалникот Владимир Талески. Експонатот ја симболизираше историјата на Битола како град на клавири, но дел од битолчани го критикуваа неговиот изглед и одржувањето зашто во периодот кога во Скопје се градеа споменици, наместо скулптура од клавир која би се извајала, беше поставен инструмент кого го оштетија атмосферските влијанија. Воедно, критиките беа и во наскока на тоа дека тогашната власт го објави Офицерски дом на продажба со се концертна сала каде низ историјата свиреле врвни пијанисти, а од друга Општината го украси кружниот тек кај Веро со клавир за да асоцира на музичката традиција.
Сега клавирот е повлечен, а се реставрира Офицерскиот дом кој во иднина ќе биде Центар за култура. На местото на клавирот битолските комуналци посадија цвеќиња.