АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Масовен собир на битолчани се случи вечерва на местото на некогашната Бела фонтана, поточно во паркчето пред Завод и музеј во Битола. На ова место беа собрани десетици битолчани, седнати еден покрај друг на клупите и ѕидовите без дистанаца меѓу нив, а на сликата се гледа дека и ретко кој носи маска. Ова се претежно млади друштва кои се берат на местото во вечерните часови. Ваква слика може да се види и во други денови.
Токму денес министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во Битола изјави дека МВР ги презема сите неопходни активности за спречување на короната, но толкав им е капацитетот на вработени лица во секое сокаче, па апелираше граѓаните да имаат висока свест. По ова подели заштитни маски низ Широк Сокак, но вечерва насобраните битолчани кај фонтаната слабо носеа маски, ако не е и воопшто.