Двајца ракометари на 18 години од Битола се позитивни на Ковид-19, соопштија од Министерството за здравство за Апла.мк.
„Две лица се позитивни од ракометен клуб, на возраст од 18 години. Лицата во моментов се асимптоматски, а тестирани се приватно при рутинска контрола организирана од клубот.Од нивните контакти, за 16 лица е даден предлог до санитарна инспекција за ставање под здравствен надзо“, соопштија од Министерството за здравство.
Двете момчиња беа евидентирани во здравствениот билтен пред три дена. Според пишувањата во спортските портали се работи за ракометари кои се во вториот тим на успешен ракометен клуб од Битола.