АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иако во повеќето училишта учебната година на први октомври ќе почне без физичко присуство на учениците, училиштата во Општина Битола значително ги подобрија условите за настава. Во градот нема училиште каде во изминатиот период не се изведуваа реконструктивни зафати. Се санираа тоалети, покриви, фасади, се обновуваа спортските терени, се менуваа врати и прозорци, се попрваа, тавани, кабинети... Според податоци од Општината, во инстраструктурни зафати оваа локална власт во 11 основни и 5 средни училишта за три години вложи 13 291 930 денари или 221 532 евра.
Од инвестициите не без исклучени ни подрачните училишта во руралните средини. Во училиштето во село Граешница донесе е довод и одвод со што училиштето во 21 век доби тоалет. Во школото во село Кравари променат е подот и ставена е цврста подлога зашто под училницата имаше визба висока два метри и постоеше опасност некој да пропадне. Поставена е и канализација зашто училиштето беше оставено со септичка јама. Водовод, канализациона, хидарнтска мрежа доби и училиштето во Лопатица.
Во четири од централните училишта вложени се над 3 милиони денари за санација на тоалети во училишните згради и во салите или пак е обезбеден материјал за санитарии и реконструкција на тоалети. Во пет училишта направена е санација на покривите, само во Основното училиште „Даме Груев“ за три школски објекти каде се санираше покривот, се чистеа и заменуваа олуци, се менуваа ќерамиди, па се поставуваа и снегобрани платени се 113 719 денари. Поставени се и бекатон патеки околу дел од училиштата, замената дограмата, а во Основното училиште„Кирил и Методиј“ преасфалтирано е спортското игралиште каде интервенции немаше цели 40 години.
Средните училишта се подновени со реконструктивни зафати во износ над 5,3 милиони денари, општински средства. Во земјоделското училиште поставена е нова дограма, санирана е одводната мрежа, внатрешно фарбање на гимназијата „Јосип Броз Тито“ по долги години, обезбедана е боја за фарбање на Економското училиште, во Медицинското училиште саниран е дел од фасада, тавани, во Техничкото тоалети, реновирани два кабинета, 8 училници, а обезбедни се и над 1,6 милиои денари како учество во проект што е донација од Бугарија за целосна реконструкција на покривот и дограмата во школото.
Покрај реконструкциите и реновирањата со општински пари, преку сопствени средства на школите, други проекти, министрерства и донации во училиштата во Битола вложени се повеќе милиони денари.