АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата на денешната седница одлучи дека во Ресен ќе исплати парична помош во висина од триесет проценти од износот на проценетите штети од невремето кое на десети јули лани ја погоди Преспа. Од невремето кое беше прогласено за елементарна непогода, проследено со ветер налик на ураган со удари од 180 до 200 километри на час и силни врнежи од град и дожд, беа оштетени овошки на 400 хекари, а штети имаше по куќите и други објекти во Преспа.
„На денешната седница, членовите на Владата го разгледаа и усвоија збирниот извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Македонски Брод и Ресен задолжувајќи го Министерството за финансии да подготви одлука за одобрување на средства од буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година за парична помош во висина од 30 проценти од износот на проценетата штета на Општина Ресен“, пишува во соопштението од Владата.
Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски на неговиот фејсбук профил изрази јавна благодарност и напиша дека со ова во голем дел ке ублажи минатогодишната штета предизвикана од големото невреме во Преспа.