2win800x200

Поради пандемијата пензионерите со Здружението да контактираат телефонски, седниците на органите ќе се одвиваат он-лајн

Октомври 22, 2020

Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола на денешната седница разгледа неколку прашања од животот и работата на пензионерите. Информација за спроведената анкета за изработка на социјална карта поднесе претседателот Томе Димитровски , кој рече дека анкетните листови во 31 огранок на Здружението на пензионери се комплетирани и во нив се регистрирани сите потребни податоци за материјалната и социјалната состојба на пензионерите од Битола. Анкетарите анкетирањето го извршија без никаков материјален надомест, поточно волонтери под раководство на Емилија Костурски, советник во битолскиот Совет. 

 

На седницата на Извршниот одбор беше заклучено дека поради актуелната состојба со пандемијата со ковид-19 во иднина административниот персонал од Здружението не ќе може да прима пензионери, па тие доколу имаат потреба ќе треба да ги контактираат телефонски. Седниците на органите ќе се водат он-лајн поради критичната здравствена состојба во земјава. 

Одлучено е на пензионерскиот огранок од село Кукуречани да му се даде донација за оградување на просторијата каде се собираат пензионери, а донација ќе се даде и за Физикалното одделение при Клиничката болница во Битола за диспанзер. 

Во врска со огревот беше кажано дека дабовите дрва се доставени, а за некој ден ќе заврши и целата достава на буковите дрва. 

Заинтересираните пензионери за свински полутки, кои ги има 500 полутки на број, ќе можат да се пријават од петти ноември, до кога Здружението ќе ги заврши преговорите со кланиците и ќе го прифати најповолниот понудувач.  

slika 2

slika

67

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани