АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште две жртви на Ковид-19 брои денешната статистика на МЗ. Во болнички услови починаа пациенти од Битола на 55 и 57 години поради компликации од вирусот.
Бројот на хоспитализирани постојано расте , во моментов на Инфективното одделени во Битола се лекуваат 80 ковид позитивни и според изјавата од директорката на Клиничката болница Битола д-р Билјана Гагачовска најголем дел се во тешка состојба.
Досега во Битола починаа 37 пациенти од компликации од вирусот.
Бројот на заболени од вирусот во Битола се искачи на 1097, а бројот на активни случаи на 544.