2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Започна реставрација на црквата во Курбиново, јавноста очекува да нема застои

Ноември 28, 2020

Започна првата посериозна интервенција, по речиси 3 децении, за заштита на непроценливото културно наследство од 12 век во црквата „Св Ѓорги“ во Курбиново. Според министерката за култура Ирена Стефоска, започнаа конзерваторско- реставраторски работи на архитектурата во овој храм.

Со тоа се надмина неколкугодишното административно подготвување на проекти, препукувања меѓу експертите кој да реставрира и обвинувањата има или не пари. Реставраторите излегоа на терен и сега очите на јавноста се вперени во нив, со очекување активностите да се одвиваат забразно, без долги паузи поради временските услови и црквата да ја добие потребната заштита еднаш засекогаш.

Црквата „Св. Ѓорги“ од Курбиново е црковен бисер од 12 век и бесценет културно-историски споменик познат и како македонската Мона Лиза. Активностите на терен со години беа во застој, додека ѕидовите од црквата на места беа распукани, а пожолтуваа фреските меѓу кои и ангелот на благовестието Гаврил, кој од тука е пресликан на македонските банкноти од 50 денари.

Од понеделникот, под надзор на стручна екипа, започнаа работите на терен на надворешните ѕидови од црквата.

„Во овој момент се работи на терен со конзерваторско-реставраторски работи на архитектурата на црквата. По оградувањето на градилиштето и другите подготвителни работи се започна со обивање на малтерните површини на ѕидовите, а во моментот се работи на северниот ѕид по што ќе се пристапи кон нови фази за конзервација на архитектурата“, ни изјави Мери Стојанова, директор на Завод и музеј Битола.

Текот на работите ќе зависи од временските услови, а засега нема ограничување на рокот кога треба да заврши конзервацијата, вели Стојанова.

Почетокот на рестварцијата предизвика позитивни  реакции на социјалните мрежи. Меѓу поинтересните е постот на новинарот Борјан Јовановски, кој води потекло од Преспа, а кој го пренесува и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.

„30 години се изнагледав и изнаслушав разни "патриоти" кои ја бранеа македонштината, идентитетот, националните интереси итд .30 години паралелно во оваа моја Преспа со тага гледав како тонат во незаборав симболите и монументите на тој толку "бранет" идентитет. Денеска конечно доживеав да видам дека сепак некој ќе се погрижи за нив. Македонскиот национален идентитет ќе опстане и покрај сите демагогии на негова сметка. Започнува реконструкцијата на првото училиште во Преспа, второ на територијата на државата во кое започна настава на македонски јазик и реконструкцијата на монументалното дело на нашите предци- фрескописот во црквата Св Ѓорѓи во Курбиново. Градиме иднина со силата и аманетот на нашите предци“, пиушува во постот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани