АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вистинската приказна за Црвените стени на Пелистер со нивната природна убавина, како и облеаноста со крв од Првата светска војна, преку документарен филм ја овековечи битолскиот фотограф, новинар и хроничар Петар Ставрев. За неговиот документарен филм “Црвени стени“ доби Златна плакета на 49 Државен фестивал за непрофесионален филм. Во него верниот вљубеник во планината со црвено вино во рацете шета низ Црвените стени, капнувајќи по некоја капа во спомен на сите кои се бореле и загинале таму, но и во чест на сите оние кои ќе го посетат местото за да ги видат неговите величенствени убавини. Посакува во иднина да има се повеќе посетители кои ќе уживаат во убавините на овој дел од Пелистер, цвеќињата во пролет и лело, музиката на птиците, вечноста на карпите, убавината на пејсажот, чистиот возух. Во своето обраќање преку филмот дава сеопфатен запис за историјата на Црвените стени се до денес.