2win800x200

Битола во 1913 година се борела против дивоградбите

Декември 19, 2020

Уште во почетокот на 1913 година било решено: „...нити една куќа не смее да се подигне без одобрение на начелството ...Желба е на нашите власти да не се подигаат куќи низ улиците кои ќе мора да се прошират и еднаш засекогаш да се престане со подигање на куќи кој каде сака“. Ваков податок кој говори за обид да се стави крај на дивоградбите во Битола уште пред повеќе од еден век во својата најнова книга „Градби“ пренесува битолскиот хроничар и публицист Александар Стерјовски. За овој податок тој се повикува на весникот „Општинске новине“, бројот кој излегол од печат на 20 јануари 1913 година, а кој служел за објавување и на вести за работењето на локалната власт. Одлуката била донесена за жителите да сфатат дека мора да подлежат на регулатиува особено во врска со подигање на нови објекти или градежни корекции.

„За таа цел во 1914 година била формирана и посебна комисија истото тоа да го следи, со што за првпат се означи дека дошол нов период во комуналното уредување на градот“, пишува Стерјовски.

Во крајот на 19 век била плански испланирана и изведена нова битолска населба именувана Маџар –Маало, наменета за доселениците од Босна по анексијата од Австро-Унгарија. Османлиската власт се снашла и набрзина ги испланирала и извела според стандардите на современото живелиште, определувајќи се за слободен простор во горниот дел од градот во близина на прочуените кафани Пред ановите. За првпат без личен избор и самоволие , плански, испланирано од стручни лица неколкуте пошироки улици во правец запад-исток добија станбенни објекти од типски профил, кои располагале со доволен конфор за семејно живеење, помала парцела како двор, а биле регулирани и меѓусоседските врски и комуналните зафати од заеднички интерес.

Во Битола трендот на калдрмирање според книгата на Стерјовски „Градби“ пристигнал во првите децении на 19 век. Во 1831 година веќе биле поплочени 987 аршини, што било премалку за еден поголем град каква што била Битола. Во следните години калдрмата или во предвод „добар пат“ продолжила, а новината станала интересна и за некои поразвиени села, меѓу кои и Трново и Магарево кои налиукувале на мали паланки. За време на валијата Ахмет Ејуп голем дел од битолските улици веќе биле калдрмирани и прададени во употреба.

Валијата Далбухар Решид во 1850 година поплочил дел од битолските улици , а ги отстранил и крајдрагорските месарски складишта , проширувајќи ја за првпат крајдрагорската авенија , урнал и не мал број на трошни куќи.131976791 217873863297830 3279526484457355230 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани