АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најголем број на оздравени битолчани од ковид-19, анализирано на месечно ниво, има во декември. До вчера бројката на заболени од Битола кои успеаја да ја победат болеста овој месец изнесуваше 1037 лица односно 49 проценти од вкупниот број на оздравени годинава што изнесува над 2200.
Последните денови носат олеснување кај битолчани кога ќе ги слушнат бројките на заболени. Во последните три дена имаше вкупо 42 новозаболени, за разлика од други денови во текот на месецот кога само на дневна основа имаше по четириесетина новозаразени, дури и по 83 на трети декември и 73 на четврти декември.
Во првата недела од овој месец имаше половина од заболените на месечно ниво, а последниве седум дена 29 проценти. И министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Ковид центарот во Битолската болница е скоро полупразен. Претходно беше подготвено и Физикалното одделение во случај навалицата на болница да продолжи, па пацинети да можат да се сместуваат и таму. Иако кривата на заболени почна да опаѓа, модуларната болница продолжува да се гради.