2win800x200

Донација на флуксометри за ЈЗУ Клиничка болница Битола

Декември 28, 2020

2020-та година беше година која ќе остане запаметена како една од најтешките во историјата, во која моравме и мораме да преминеме преку низа на препреки.

Токму затоа, спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите, како општествено одговорни компании, се одлучија да помогнат онаму каде што во моментот тоа е можеби и најпотребно, Клиничката болница во Битола, каде лекарите секојдневно се борат против КОВИД-19.

За потребите на болницата беа донирани флуксометри, и истите ќе бидат од голема корист во обезбедување на  кислородна поддршка на пациентите во КОВИД центарот и веќе се ставени во употреба

Празничниот период е време кога сите ние треба да си помогнеме меѓусебе.  ЈЗУ Клиничка болница им изразува голема благодарност на Евротип и Голд Слот кои и понатаму ја продолжуваат својата мисија и општествена одговорност, да помагаат онаму каде што е најпотребно.

Во меѓувреме, Новогодишните и Божиќните празници најмногу ги радуваат најмладите. Затоа, Евротип и Голд Слот се обидоа во овие тешки моменти барем накратко да ги израдуваат децата кои во моментот во детското одделение на битолската болница, дарувајќи им Новогодишни пакетчиња.боолница 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани