2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

15 проценти од сторителите на семејно насилство во изминатите две години во Битола и Прилеп биле жени

Јануари 26, 2021

На жени пријавени како сторители на семејно насиство во двете изминати години од Битола и Прилеп отпаѓаат 15 проценти од вкупниот број на пријавени. Според податоците на СВР Битола, во 2019 и 2020 година  како сторители на семејно насилство се јавуваат вкупно 143 жени, а 810 мажи или пет и пол пати има повеќе мажи од жени. 

Одделно по градови за двете години во Битола имало пријавени 80 жени за сторители, а 377 мажи. Во Прилеп пак, 433 мажи и 63 жени. Поплаки за семејно насиство за двете години имало повеќе во Прилеп 496, а во Битола 457. Претежно преовладувало психичкото наслство, па физичкото,  и имало само еден пријавен сличај за економско насилство.

Во однос на сторени кривични дела за семејно насилство според податоците на СВР, на регионот на Битола имало намалување, во 2019 година биле сторени 92, а 2020 46 кривични дела. Во Прилеп, бројките се скоро исти, пред две години 67 кривични дела, лани 69. На прво место како причина за семејно насилство се наведува растројството,  на второ алкохолот, а само мал процент отпаѓа на  дрога. На повеќе од половината жртви на семејно насилсто  им била нанесена телесна повреда. Имало 10 случаи со тешка телесна повреда и едно убисто лани во Прилеп.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани