АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Еден ист потпис со црн спреј е испишан на фасадите на битослкиот Безистен и на киното „Манаки“. Според ова, едно исто лице или една иста група ги чкрта со црн спреј фасадите од објектите што се под заштита. И фасадата на Безистенот беше реставрирана пред неколку години, а и киното „Манаки“ се догради во 2017 година, а веќе почнаа да се чртаат. Досега во Битола за пароли и чртаници биле казнети само лица за испишани пораки со навредлива содржина кон одредени ентички групи. Инаку, често пати низ градот несовесни граѓани со чртаници и пароли нагрдувале објекти што се под заштита, цркви, џамии, фасади низ Широк Сокак и друго. Да се потсетиме и на Офицерски дом кој до пред реставрацијата беше пол со чкртаници и недолични пораки.
ФАСАДАТА НА БЕЗИСТЕНОТ БЕШЕ РЕСТАВРИРАНА ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ, А СЕГА НЕКОЈ КАКО НА ТАБЛА СИ СЕ ПОТПИША
КИНОТО „МАНАКИ“ САКО ШТО СЕ ДОГРАДИ ПРЕД ТРИ ГОДИНИ, А ВЕЌЕ ЈА ДОБИ ПРВАТА ЧКРТАНИЦА