2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолски угостител им уплати на вработените два дена престој во луксусен хотел во Охрид

Јануари 31, 2021

Можеби гостилницата „Кај Гајдаро“ не е голема како некои други ресторани во државата, но сопственикот Горан Јошевски е многу похуман отколку некои други газди. Тој на вработените им уплати два дена престој во хотелот со четири ѕвезди „Тино“ во Охрид. Јошевски на 24 и 25 јануари ја затвори гостилницата и го однесе цел персонал да се одмори во хотел крај Охридското Езеро.

„Ни рече да одмориме, зашто нас ни требаат вработените бидејќи тимски работиме. И газдите и вработените сме многу сложни, што би се рекло по битолски со поглед се разбираме во работата. Не се прави разлика меѓу газди и вработени. Ние сме пресреќни и сакаме да упатиме порака на други сопственици дека работникот треба да се цени“, велат за Апла.мк вработени во гостилницата.

Ретки се примерите каде што газди го одврзале кесето да ги почестат вработените со одмор или викенд каде што престојот не е поврзан со работните задачи. Летото имаше пример кога охридски газад ги однесе сите 140 вработени на платен одмор во луксузен хотел во Турција.

Наспроти вакви примери, за жал, имаше многу фирми кои се најдоа на листата дека не им дадоа ни минимална плата на вработените иако зедоа државна помош за време на пандемијата..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани