АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Силен ветер со брзина од над 80 километри на час кој во ноќните часови ја зафати Битола ги остави битолчани без сон. Ветерот откорна гранки од дрвја, искина кабли, а на некои места однесе и керамиди од покриви.
Според УХМР, денес се очекува облачно време со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили.