2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Дел од Жабени стана државна индустриска зона, Битола се подготвива за голема странска инвестиција

Февруари 24, 2021

Со цел голема странска инвестиција за производство на рударска опрема за заврши во Битола, две градежни парцели од 3,2 хектари се одделуваат од Индустриската зона „Жабени“ и се отстапуваат на Владата за формирање државна индустриска  зона во која ќе важат поволностите како во во ТИРЗ-овите. Советот денес веќе донесе одлука за скратување на опфатот на зоната „Жабени“ , по предлог на градоначалничката Наташа Петровска.

Од Советот велат дека постои сериозна заинтересираност на голема странска инвестиција да вложи во земјава, па сакаат со условите што ќе ги понудат да бидат најконкуретни меѓу останатите општини од земјава. Подетални податоци за компанијата не се откриваат, само се знае дека ќе изнесува околу 15 милиони евра и ќе има годишен извоз од 150 милиони долари.

Во делот што се пренесува на државно ниво во Жабени, државата ќе вложи средства за да се подобри носивоста на земјиштето за да може да се гради голем капацитет. 

„Мора да се подобри носивоста на земјитето во зоната во Жабени, исто како што се случуваше и при инвестирањето на ‘Кромберг и Шуберт’. Владата да направи индустриска зона и да го подготви земјиштето на него да може да се гради. Тоа земјиштето е мочурливо, има вода, но со одредено тампонирање ќе се доведе во ред. Тој одделен дел би бил индустриска зона под ингеренции на Владата и би се овозможило оваа компанија да дојде во Битола. Се работи за тесни рокови, кои сакаме да ги исполниме и да бидеме еднакви со другите конкуренти“, рече претседателот на Советот Валентин Груевски.

Градоначалничката Петровска изјави дека Индустриска зона „Жабени“нуди едни поволности, а државната индустриска зона други, па се зголемува спектарот на можности за инвеститорите.

„Државата преку Владата може да донесе низа други поволности со посебни одлуки кои ќе бидат привлечни за странските инвеститори. Ние како општина со ова ќе имаме многу повеќе можности од останатите општини зашто ќе ги имаме можностите што ги даваат државните индустриски зони, а воедно и можноста што ја има и нашата индустриска зона Жабени. Ваква симбиоза не постои во ниедна друга општина. Заемниот интерес ќе значи поддршка и во сите инфраструктурни зафати кои следуваат, па атрактивноста ќе биде многу поголема. Факт е дека и она што се случувало претходно во индустриската зона Жабени било со поддршка од Валдата. Очигледно во сиот изминат период постоеле проблеми кои реално на ниво на Општина не можеле да се санираат, но не би сакала да навлегувам сега во тоа зашто ова што се случува е позитивно и набрзо ќе имаме убава разрешница“, најави Петровска.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека во изминатиот период локалната власт не вложувала средства за подобрување на инфрастритурата и атрактивноста на „Жабени“.

„Потсетување дека германската инвестиција од 2012 година до денес вложола околу 72 милиони евра во Жабени, а Општина Битола во изминатите три години нема инвестирано ни 72 денари во делот на подобрување на инфраструктурата и зголемување на атрактивноста за нови ивеститори. Веројатно ова се должи на нивната политичка суета што во еден изминат период зборуваа дека таму има само трња, сончоглчедови полиња, претпоставувам дека несакајќи да си погазат на она што го зборувале имаа игнорантски однос“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани