2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Сопружниците кои од Занзибар се вратиле со коронавирус се познати битолски бизнисмени

Март 03, 2021

Познати битолски бизнисмени се мажот и сопругата кои со симптоми на коронавирус се вратиле по престојот во Занзибар. 65-годишниот битолчанец од понеделникот е хоспитализиран во Болницата за нефрологија во Струга, а неговата сопруга е примена во „8 септември“ во Скопје. Двајцата имаат позитивни тестови на коронавирус. Симптомите им се појавиле два дена пред да се вратат од Занзибар.

Битолчанецот бил примен во струшката болница во понеделникот бидејќи имал виски вреднопсти на бубрежните оштетувања. Неговата состојба е стабилна и засега е без дијализа. Неговата сопругата која е на лекување во Скопје е исто во стабилна состојба. Од Струшката болница рекоа дека ќе испратат материјали во МАНУ за да се испита дали се работи за јужноафриканскиот сој на коронавирусот. До сега немаше евидентиран случај на жител од Македонија заболен од африканскиот мутант на болеста.

-Пациентот    е донесен на 1 март,  во понеделникот во вечерните часови,  КОВИД- позитивен, тестиран во Битола. Во петокот се  вратил  од Африка, Занзибар или Танзација. Имаше висок креатинин, акутно бирежно оштетуваење, намалено мокрење, фисока уреа. Инаку пациентот сега  е стабилен, афебрилен, со добра сатурација, се третира по сите протоколи, изолиран е, изјави Александар Попоски, директор на болницата за нефрологија во Струга 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани