АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Менаџментот на трите претпријатија КJП "Нискоградба", ЈП "Комуналец" и ЈКП "Водовод" Битола, како превентивна мерка за заштита на здравјето на вработените и корисниците на услугите донесоа одлука за времено затворање на Наплатниот пункт на улица Рузвелтова во период од 29.03.2021 до 04.04.2021 година.
Доколку има потреба од продолжување на оваа превентивна мерка, соодветна информација навремено ќе биде доставена до медиумите за информирање и споделена преку социјалците мрежи.