2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

НЕСОВЕСЕН БИТОЛЧАНЕЦ ЗАПАЛИЛ ОГАН ВО ОФИЦЕРСКИ ДОМ, ПОЖАРНИКАРИТЕ ГО ИЗГАСИЛЕ

Март 09, 2018

Несовесен граѓанин без да размисли подлабоко каква штета може да предизвика, вечерва, си запалил оган во внатрешните простории на Офицерскиот дом во Битола. Огнот го запалил на приземјето, најверојатно за да се стопли.

Бидејќи надвор било темно, пламенот го забележале битолчани кои биле во околните кафулиња. Случајот во Противпожарната единица го пријавил сопственик на едно кафуле. За брзo време пристигнало противпожарно возило со двајца пожарникари. Тие со апарати за гаснење пожар за неколку минути го изгаснaле огнот недозволувајќи да се прошири низ објектот кој претставува културно-историско наследство во Битола.

Офицерскиот дом е еден од најубавите архитектонски бисери на Широк Сокак, кој со години наназад се руинираше. Од Општина Битола најавија дека за годинава се издвоени пари од општинскиот буџет и од Министерството за култура за негова реставрација. Но, во меѓувреме додека да отпочнат работите на терен, несовесни граѓани продолжуваат да предизвикуваат штети во објектот без и најмалку да размислат какви проследици може да настанат.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани