Webp.net gifmaker

Пораки со закани по живот и говор на омраза добива пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, сите се пријавени во полиција

Април 22, 2021

Со закани по живот, желби за смрт, вулгарни пораки и навреди се соочува битолската пратеничка Бисера Костадиновска Стојчевска, неколку дена по седницата на која излезе од изолација и дојде Собранието во скафандер да обезбеди кворум и да гласа за петтиот пакет економкси мерки. Костадиновска Стојчевска вели дека со вакви недолични пораки во кои има говор на омраза добиваат и незјиниот сопруг, но и мајка и. Сите кои на ваков начин ја вознемирија неа и семејството веќе ги пријавила во полиција.

-За жал екстремниот говор на омраза не изостана. Се трудев да не обрнувам внимание, но во моментот кога вознемирувачки пораки со говор на омраза почнаа да добиваат сопругот и мајка ми, решив да регаирам. Веќе поденсов пријави против овие лица и тие се процесуираат. Сите што ми пишаа во инбокс или на мојот ФБ профил, се фотографирани, документирани и сите ќе добијат „честитка“, вели Бисера Костадиновска Стојчевска за апал.мк.

Не изостанало и поттикнувањето на говор на омраза од некои нејзини сограѓани, со кои и лично се среќава, поради што на социјалните мрежи била изложена на јавен линч. Но, за среќа, вели, поголем е бројот на пораки за поддршка.

-После гласањето добив голема поддршка од граѓани на кои навистина им беше потребна помош и кои ја чекаа сите овие месеци. Јас не влегов во Собрание со качулка да тепам, јас влегов максимлано заштитена, по протокол, немав ниту еден контакт и гласав за пакет мерки кои претходно поради опструкции на опозицијата, Собранието со месеци не можеше да го изгласа, вели Костадиновска Стојчевска.

Таа веќе излезе од изолација, а вчера учествуваше во работата на Парламентот. Вели дека се сретнала со колегите и колешките од опозицијата, но никој со неа не разговарал.

Inkedbisera1 LI

Inkedbisera2 LI

Inkedbisera 3 LI

Inkedbisera4 LI

Inkedbisera5 1 LI

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани