Саемот на кариера во Битола мост меѓу фирмите и невработените

Мај 27, 2021

Близу 40 проценти од луѓето од Западен Балкан кои немале странско државјанство или биле со привремен престој во земјите на ЕУ со појавата на пандемијата се вратиле и останале дома, рече Сашо Додовски директор на Младинскиот културен центар од Битола, повикувајќи се на истражувања до Европската Унија. Во Битола денес се одржа петтиот Саем на кариера во организација на МКЦ, поддржан од Меѓународната организација на трудот. Целта е бизнис заедницата да се поврзе со невработените лица, па денес околу 25 фирми презентираа 200 отворени работни позиции.191005931 275254474299328 3317200036983264200 n

„Национални истражувања максимално релевантни барем јас не сум видел и мислам дека не постојат за тоа колку малди со пандемијата се вратија и останаа дома, но има истражувања на Европската унија за шестте држави на Западен Балкан каде стои дека близу 40 проценти од луѓето кои немале странско државјанство или кои што имале привремен престој во земјите на ЕУ се вратени во земјите на Западен Балкан. Најголем дел од нив се се` уште тука, со можности поголемиот дел од нив да останат во своите држави и тука да почнат да придонесуваат со работа , преку отворање на сопствени бизниси или вклучување како експерти во различни бизниси“, рече Додовски.191019276 273999657845006 2827803498129045271 n

Тој истајна дека саемот има и патриотски момент зашто со оваа активност ги мотивираат младите да останат дома, тука да ја гледаат својата можност за кариера со вклучување како вработени во поголеми фирми или би отвориле сопствен бизнис со што би придонеле за развој на локалната и националната економија во сопствената држава.

„Оваа активност е единствена во државата поддржана од Меѓународната организација на трудот , преку фондови на ЕУ, и мило ми е што Општина Битола  од многуте апликанти беа препознати како единствена проектна апликација поддржана и која финишира си ваков голем настан“, рече Додовски.

Саемот е дел од проектот „Локално партнерство за вработување“, а вклучени беа низа фирми кои имаат потреба од работна сила и преквалификување на истата.

„Имајќи ги во предвид брзите динамики кои се случуваат катадневно во живеењето, а кои се јавуваат како последица и во пазарот на трудот, ваквото партнерско делување дава шанса повеќе за оние кои бараат работа и оние кои имаат потреба од вработување на кадри. Треба да делуваме во преквалификациите и дотурот на информации за тоа кој тип на профили се потребни за нудење на работни услуги кон фирмите. Се надевам дека овој проект кој има три делови, прво бизнис старт-ап центарот, саемот на кариера и третиот јакнење на ИТ вештините кај популацијата, сите три дваат можност младите луѓе, самохраните родители, а воедно и оние кои ги доживеале последиците од падменијата во својот работен ангажман да добијат шанса повеќе“, рече граодначалничката Наташа Петровска.191194031 316710356734823 6540674773630032932 n

Се нудеа работни места за лица со различно образование и професии.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани