2win800x200

Црвениот крст донираше 5 неинвазивни респиратори за Битолската болница

Јуни 07, 2021

По повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина , како и Денот на осамостојувањето на Црвениот крст на РС Македонија , Црвениот крст донираше 35 неинвазивни респиратори од швајцарската фирма БСД во вредностод 320 000 швајцатски франци, од кои пет за Битолската клиничка болница. 

,,Оваа донација е обезбедена како за Клиниката на ортопедија , трауматологија и анестезиологија и реанимација во Скопје, така и по сите општински организации во земјава имавме донации , па и во Клиничка боница Битола. Во Битола се донирани 5 неинвазивни респиратори, со упатство за употреба и ЦД. Се надеваме дека ќе најдат примена и нема да бидат користени за ковид пациенти", рече Лилјана Ристевска претседател на Црвениот крст во Битола. 

 

received 238159140996122

Од Клиничката болница во Битола изразија благодарност за донацијата.

,, Клиничка болница Битола со оваа донација добива 5 неинвазивни апарати за респитаторна поддршка  кои во моментот ќе бидат сместени на Одделението за интензивна нега и се надевам дека ќе немаме потреба да ги користиме за ковид пациенти. Ова се современи апарати кои вршат мониторинг на функцијата за дишење  и се наменети за пациенти на кои им треба кислородна поддршка  но не од инвазивен тип, односно малку посилна поддршка која не може да се обезбеди со перманентна кислородна поддршка", рече директорката на Болницата Билјана Гагачовска. 

received 333716651657210

Од Црвениот крст ветија дека ќе продолжат да помагагаат на инстутуциите, граѓаните како до сега, а потсетија и дека нивните волонтери се наоѓаат на вакциналните пунктови низ цела Македонија, па апелираа што повеќе граѓани да се пријават за вакцинација. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани