Webp.net gifmaker

Поставени поеми во автобусите за јавен превоз низ Битола, најголемиот дел напишани од студенти

Јули 19, 2021

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола преку проектот „Поезија во движење низ Битола“ поставија поеми во сите автобуските превозници на општинскиот редовен превоз на општина Битола.

Во автобусите на: Транскоп, Гопеш транс, Лука превоз, Џем турс и Боби турс, постевени се 15 поеми напишани од студенти на УКЛО и поддржувачи на работата на ФОРУМ 16 и УСС УКЛО. Целта со овој проект и оваа проектна активност е преку поезијата како алатка да се промовира користењето на јавен превоз и да се влијае во подобрување на животната средина во општина Битола.

Со цел да се развијат креативните и да се поттикнат творечките способности кај младите од Битола, во рамки на проектот „Позеција во движење низ Битола“ во текот на мај 2021 година се одржаа работилници за креативно пишување со поетесата Ана Голејшка Џикова. Потоа се распиша конкурс на кој студентите можеа да испраќаат поеми. Дел од нив се селектираа и се објавија во автобуските превозници, а сите творби се објавени во електронски Зборник.

„Поемите се еден начин на кој се обидовме да ги мотивираме младите не само да го искажат своето мислење и став за Битола, за животната средина, за урбаниот простор и за други теми од нивни интерес, туку и да се мотивираат да користат јавен транспорт и така да придонесат кон здраво животно окружување. Истовремно сакавме да им го разубавиме времето на сите оние кои користат градски превоз особено во години кои се доста предизвикувачки и загрижувачки поради пандемијата од КОВИД 19- вирусот. Особено сме благодарни до сите автобуски превозници кои кога им ја најавивме идејата, веднаш обезбедија поддршка и дадоа согласност да се постават поеми во автобусите.“, велат од ФОРУМ 16 и УСС УКЛО.

Проектот „Поезија во движење низ Битола“ се реализира во периодот од април до јули 2021 година со сопствени средства на УСС УКЛО и ФОРУМ 16, како дел од нивните програмски активности.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани