2win800x200

Распишан тендер за 24 часовно обезбедување и мониторинг на Офицерски

Април 05, 2018

Општина Битола завчера распиша тендер за прибирање на понуди за 24 часовно обезбедување и мониторинг на Офицерскиот дом. Право да се пријават имаат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на ваква дејност. Краен рок за доставување на понудите е 16 април.

Целта е да се заштити објектот од понатамошно оштетување, демолирање, како и од влегување на несовесни граѓани во внатрешноста на објектот. Од Општина потврдуваат за Апла.мк дека ова не е прв тендер што се објавува за обезбедување на Офицерскиот дом, туку дека претходно имало и друг и дека објектот веќе има 24 часовно обезбедување и мониторинг. Новиот тендер се објавува за да не настане вакум простор во обезбедување на Офицерски откако ќе истече постоечкиот договор за обезбедување.  Претходно, имаше најави за поставување на лимени барикади околу објектот, но дознаваме дека тоа може да биде проблематично бидејќи се работи за објект под заштита. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани