Вандали го оштетиле симболот на Битола, Ова с еслучува по втор пат за неколку месеци.
-Симболот со буквите БИТОЛА, кој за кратко време стана препознатлив за градот, се најде на илјадници фотографии и беше едно од омилените места за граѓаните и посетителите, деновиве беше по втор пат вандалски уништен. Искршена беше буквата Л. По вандалскиот чин на уништување на една од буквите, Општина Битола изврши замена на оштетената буква.
Жално е што ваквите вандалски појави на уништувања на симболите, кои што се дел од нашата култура на живеење, сè повеќе зачестуваат. Општина Битола повторно апелира на разум и негување на објектите, со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање слика за нас, како битолчани, информираат од Општина Битола.