2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Само петмина битолчани починати во четвртиот бран, смртноста помала поради високиот процент на имунизација

Септември 01, 2021

Петмина битолчани досега ја изгубиле битката со ковид-19 во овој четврти бран на пандемијата, предизвикан главно од делта сојот. Според официјалните статистики на Министерството за здравство, во изминатите два месеца починале пет заразени лица во Битола, сите во август. Од појавата на болеста починале вкупно 310 битолчани. Во ноември лани, само во два дена починаа 10 битолчани, од кои најмладиот на 44 години.

Здравствените работници сметаат дека намалената смртност кај битолчани се должи на големиот процент на вакцинација. Според податоците на Институот за јавно здравје, досега се аплицирани 115.000 дози во Битола. Таа е прва меѓу градовите во внатрешноста по бројот на имунизирани жители со две дози – 35 611. Прва доза примиле 54,5% од населението над 18 години.
 

Од Здравствениот дом велат дека интересот за вакцинација се намалува зашто голем е процентот на веќе вакцинирани лица и нема гужви пред пунктовите како претходно.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани