2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Професионални нуркачи, меѓу кои и битолчанец помогнаа да се снимат подводните сцени на „Сестри“

Септември 06, 2021

Битолчанецот Александар Ацев , нуркач од клубот „Врело“ беше дел од екипата македонски нурчаки кои како асистенти на камера помогнаа да се снимат подводните сцени од филмот „Сестри“ со кој ќе се отвори годинешното издание на фестивалот„Браќа Манаки“. Во снимањето помогнаа тројца професионални нуркачи од „Врело“ кои се грижеа за безбедноста на филмската екипа додека траеше снимањето на подводните сцени, но помагаа и за опремата зашто ова е прв филм во земјава што се снимаше во делови со професионална подводена камера. Овие сцени беа снимени во Охрид и Матка.

Визуелизацијата е една од најсилните страни на овој филм, особено во сцените снимени во водата, a зрнестата структура која доминира во фотографијата со својот ретро шмек како се спротиставува на дигиталната острина на милионите филтрирани хиперреалистични фотографии од мобилните телефони кои младите дневно ги објавуваат на социјалните мрежи.нур

241442957 395331682082015 807733750189832600 n

нур2

нур4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани