2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

АД ЕСМ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ДА ГО ЗАШТИТИ СТОПАНСТВОТО ОД ЦЕНОВЕН ШОК, ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРИХОД ЌЕ СЕ ОСТВАРИ ЗА КОМПАНИЈАТА И ДРЖАВАТА

Октомври 07, 2021

Цените на електричната енергија на регионалните берзи се за три пати зголемени, и од 56 е/MWh пред неколку месеци, сега цените се движат меѓу 140 и 170 е/MWh и нема најава дека ќе се намалат.

Со нашиот план за ископ на јаглен и производство на електрична енергија, АД ЕСМ има стабилно производство и ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за снабдување на домаќинствата, по цена значително пониска од пазарната, со цел да не се почуствува ценовен шок кај граѓаните.

Но, за разлика од домаќинствата - стопанството, стопанските субјекти, се снабдуваат на слободниот пазар, и со оглед на енормниот пораст на цените на берзите нашето стопанство се соочува со опасност од голем ценовен удар на еден од главните енергенси и ресурси кои ги користи-струјата.

Од тие причини и по насоки од Владата на РСМ, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што објави меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на трет блок во РЕК Битола, како и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Со оваа произведена енергија ќе го зацврстиме електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци на енергија, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар и со тоа ќе оствари дополнителен приход за компанијата и за државата.

Стопанската Комора искажа загриженост од растот на цените на електричната енергија на регионалните берзи и ја посочи до Владата неопходноста да се преземат мерки да се обезбеди поевтина домашна електрична енергија преку АД ЕСМ, со зголемување на производството на државната енергетска компанија, со цел да се заштити стопанството. Односно, АД ЕСМ ќе ја понуди дополнително произведената електричната енергија кон стопанските субјекти по цени пониски од моменталните берзански цени, а поголеми од нашата производна цена, со што ќе го зголемиме произведството и ќе продаваме со добивка, а стопанството ќе има можност да ја набави струјата по пониска цена од таа што сега е понудена на берзата.

Да појаснам уште еднаш.

АД ЕСМ ќе го засили ископот на сопствен јаглен согласно максималните капацитети што ги има, но побарувачката на електрична енергија е таква што пресметките покажуваат дека и со количините набавен јаглен исплатливо е да се произведува и продава.

Во моментов, со високите цени на електричната енергија на берзите, кои ќе се задржат и во следните месеци, па и во текот на следната година, поефтино, но и посигурно е да се набави јаглен и да се произведе електрична енергија, отколку истата да се увезува по енормни цени и да се ризикува дали ќе ја има доволно.

Дополнителната електрична енергија која ќе ја произведеме од јагленот кој ќе го набавиме, ќе ја понудиме на стопанските субјекти по цени повисоки од таа по која ја продаваме на ЕВН Хоум за домаќинствата. Со тоа ќе оствариме приход како компанија и држава, а ќе го стабилизираме и ценовниот шок на кој сега се изложени и уште повеќе ќе бидат стопанаството, но и институциите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар.

Набавката на јаглен и зголеменото производство на АД ЕСМ ќе значи и зголемување на бруто домашниот производ, поттикнување на компаниите и бенефит за стопанството, а со тоа и стабилност во државата. “

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани