2win800x200

Во Битола уживам и ништо не ме нервира, вели Милевски во интервју за Апла.мк

Октомври 09, 2021

*Денот го започнувам со кафе.

*Најголемата моја доблест е чесноста и искрената намера да му помогнам на секој. Ова е нешто што јас го мислам за себе, но сепак најдобро е тоа што другите го мислат и го зборуваат за мене и за мене тоа е релевантно и затоа одговорот на ова прашање е повеќе кај другите, а помалку кај мене.

*Навика што сакам да ја променам е помалку да пијам кафе.

*Највредното нешто во мојот живот е моето семејство.

* Мое најголемо достигнување е… Достигнувањето во животот е релативна работа.

*Во Битола најмногу ме нервира… Во Битола уживам и ништо не ме нервира.

Нема достапен опис

*Во Битола никогаш не би го променил ритуалот на пиење утринско кафе.

*Мојата најважна животна лекција е дека животот е непредвидлив.

*Битола за мене е СЕ!

*Политиката за мене е нешто што треба да ги промени работите кон подобро.

*Градоначалничката функција ќе ми даде моќ за... МОЌ е груб збор. Градоначалничкта финкција е пред се привилегија и таа привилегија те обврзува да го подобриш целосното функционирање на Битола.

Нема достапен опис

*Ако згрешам дури сум градоначалник ќе си поднесам оставка, затоа што незадоволството на битолчани за мене е најголемото разочарување.

*Кога ми поствуваат незгодни прашања јас ги одговарам без предрасуди. И незгодните прашања како и незгодните ситауации се дел од животот.

*Почитувам туѓо мислење кога ме критикуваат, бидејќи тоа е ѕвезда водилка во исправање на грешките.

*Парите за мене се последно нешто што ми претставува лајт мотив во животот.

*Кога работам под притисок јас се трудам да си докажам себеси дека сум личност со цврст карактер.

*Кога ќе се преработам јас сакам да се одморам со муабет со моите најблиски и со моите другари.

*Лицемирие за мене е ако не е точно тоа што го кажувам пред други луѓе.

*Лакомост за мене е алчноста по пари и моќ.

*Се опуштам така што слушам музика, гледам спорт, гледам филм, а најмногу кога пијам кафе со моите блиски во некој од локалите во Битола.

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани