2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

СО КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ ДО ПОДОБРА ИДНИНА

Октомври 15, 2021

Водејќи се од своите компаниски вредности за општествена одговорност и грижа за идните генерации, ИутеКредит Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, и оваа година доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки, насока Финансии и Банкарство (ACBSP акредитирана).

Во ИутеКредит Македонија веруваме дека квалитетното образование отвора огромен број можности за професионална реализација на младите луѓе и затоа би сакале да овозможиме и оваа година наш стипендист да биде дел од Универзитетот Американ Колеџ.

За академската 2022 година ИутеКредит обезбедува стипендија за постдипломски студии на Факултетот деловна економија и организациони науки, насока Финансии и Банкарство. Оваа насока има интернационална ACBSP акредитација.

Конкурсот за стипендија ќе биде отворен од 14.10.2021 год. до 15.11.2021 год. Изборот на студентот кому ќе му биде доделена стипендијата ќе биде направен врз основа на претходниот успех на студентот (просек 8), како и квалитетот на изработениот краток есеј на тема “Влијанието на новите технологии во секторот финансии и банкарство”.

Ги повикуваме и охрабруваме сите заинтересирани студенти да се пријават на конкурсот и да станат потенцијални стипендисти на ИутеКредит Македонија.

Апликацијата може да се испрати на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а заинтерсираните може да прочитаат повеќе информации за стипендијата на https://iutecredit.mk/uacs2022/ .

За ИутеКредит

ИутеКредит е основана во 2008 и е водечка европска компанија за лично финансирање. Преку своите подружници групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити, а користи учество и кредитен капитал. ИутеКредит во моментов ги услужува клиентите на Молдавија, Албанија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

До 31ви Март годинава, 300 лица вклучувајќи го и менаџерскиот тим и ИТ тимот, опслужија 150000 активни кредитни клиенти и работеа со база од 430000 корисници.

Кредитните производи на ИутеКредит се необезбедени потрошувачки кредити со рок на отплата помеѓу 1 и 36 месеци и автомобилски обезбедени кредити со рок на отплата до 60 месеци.

Мисијата на ИутеКредит е да создаде исклучително корисничко искуство во личното финансирање преку надминување на очекувањата на клиентите.

www.iutecredit.com

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани