2win800x200

Музички маратон во акустичната концертна сала на Офицерски (ФОТО и ВИДЕО)

Ноември 05, 2021
фото: ФБ на ДМУ-Битола фото: ФБ на ДМУ-Битола

Во одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември, вчера,  се вклучи и  нашето Музичко  училиште, со музички маратон што на задоволство на битолчани се одржа во возобновениот Офицерски дом. Учество зедоа повеќе ученици од основно и средно образование, застапени беа инструменталистите од сите класи на Државно музичко училиште.

-Секој гостин беше добредојде. Офицерскиот дом го посетија љубопитни граѓани и љубители на класичната музика. Можеше да се види вистинскиот сјај и гламурозност на Офицерскиот дом. Истиот, изгледаше уште пораскошен, исполнет со звуците на класичната музика која соодветствуваше на целиот амбиент,  а така посетителите можеа да слушнат ретка акустичност која се создаваше низ слободниот простор. Радоста и среќата на нашите ученици и наставниот кадар беше нескриена. Повеќето ученици настапуваа во живо после подолг период во кој работеше онлајн и повеќето концерти и натпревари се одржуваа онлајн. Овој настан беше голем предизвик и потреба во ова тешко време за уметноста, за што сме благодарни на Општина Битола и раководството на Културно информативниот центар од Битола за можноста која ни ја пружија и се надеваме на следни взаемни соработки, велат од ДМУ во Битола

 

252354055 332985155296132 3376085336485680724 n

 

252375265 332985375296110 3003124155948697813 n

252422875 332985825296065 7989509274196529292 n

252422889 332985101962804 971128648087490742 n

252455406 332985521962762 8345959103617395652 n

252463302 332985018629479 3719245444484751015 n

252524792 332984958629485 6897134606485298224 n

252779206 332985135296134 361457660995328929 n

253061494 332985281962786 7922952255461830738 n

 

253174852 332985131962801 5463971019523611004 n

253499229 332984918629489 3275606181794310708 n

253641735 332985168629464 7677806808750169329 n

253661789 332985051962809 2274654633035693952 n

253805802 332985425296105 5811632991177789506 n

253859472 332984725296175 8405034537100963937 n

253889362 332984671962847 409229319163902089 n

 

фото: Државно музичко училиште-Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани