АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утринава од РЕК Битола за Телма информираат дека по вчерашната прекин на производството на елетрична енергија, синоќа во три часот по полноќ Блок 1 бил синхронизиран со електроенергетскиот систем, сега работи и произведува струја. Продолжуват активностите за ставање во функција и на блок 2 кој бил во ремонт, информираат утринава од РЕК Битола за Телма.
Вториот блок кој се ремонтираше според ЕСМ ќе почне со работа до крајот на неделата. По петочниот пожар, третиот блокј ќе биде вон уптреба најмалку еден месец. ТЕЦ Неготино чека мазут и може да почне со работа. За да го надополни дефицитот ЕСМ потроши 6 и пол милион за увоз на струја.
Извесно е дека денеска Владата на денешната седница ќе ја прифати препораката на Комисијата за прогласување на енергетска кризна состојба. Министерот за економија, Крешник Бектеши, нагласи дека препораката за прогласување на кризна состојба е со цел да се отвори можност за финансиска помош со буџетски средства во ЕСМ и МЕПСО и со тоа да може да се интервенира во увозот на струја.
РЕК Битола има залиха од 40 илјати тони јаглен што според министерот Бектеши е доволно за 8 дена работа на двата болка, но според познавачите само за 4 дена.