Webp.net gifmaker

Илиевски: Мостот кај Безистенот да го викаме „Климент Охридски“ како улицата зашто до на пролет нема да биде готов

Ноември 19, 2021

Координаторот на советниците од СДСМ и коалицијата Менде Илиевски на денешната седница на Совет саркастично предложи мостот кај Безистенот да го носи името како и улицата „Климент Охридски“ за која тогашната опозиција ги критикуваше дека долго време ја реконструицираат, а сега истите тие кога дојдоа на власт мостот ќе го направат дури в година.

„Би сакал тој мост да го крстам 'Климент Охридски'. Зошто? Некаде пред четири години кога имавме ваква слична ситуација кога во правните лавиринти заглави Општина Битола со санацијата на улицата 'Климент Охридски' кај Водовод, тогашната опозиција, сите заедно , сите три политички партии кои ја сочинуваат власта, коментираа зошто Општина Битола не може да се справи со санација на улица од стотина метри. Јас сега ќе го кажам истото дека мостот 'Климент Охридски' до месец март –април ве убедувам, сите , па и битолската јавност дека тој нема да биде пуштен во употреба. Ние ќе гласаме за за да ви помогниме побрзо да го направите. Ќе бидиеме конструктивна опозиција, но ќе ве потсетувам за се она што вие го говоривте во изминатите 4 години“, рече Илиевски.

Координаторот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ Пеце Милевски му возврати: „Што правевте четири години за пред извори да се ископа мостот и не знам кој ја дал насоката и наредбата, дали тоа го направило ЈП Нискоградба и кој му дал налог тоа да го направи? Но максилмално се трудиме навремено тоа да се заврши, повтикани се сите потребни ескпаерти. Граѓаните за скоро ќе добијат и нов сообраќаен режим за да се олесни фукцинирањето во градот“, рече Милевски.

Пртеседавачот на Советот, Габриела Илиевска, праша што ќе се случеше доколку не се појавеше дупка на мостот која требаше да се санира?.„Ние сме соочени со мост кој можеше да предизвика катастрофа во градот, а тоа ќе се случеше зашто во Општината никогаш не биле предвидени средства за санирање на мостовите“, рече Илиевска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани