2win800x200

Локализиран е пожарот во Жито Битола

Јануари 23, 2022

Големиот пожар што попладнево избувна во мелничко-пекарскиот капацитет ,,Жето Битола" е ставен под контрола, соопшти командирот на Противпожарната единица во Битола, Горан Димковски.

,,Не се дозволи проширување на огнот на околните објекти, како магацинот и силосите со жито. Пожарникарите го догаснуваат делот од главната зграда што гореше и објектот што е до неа каде условите за гаснење се потешки. Направена е промена на екипата пожарникари кои гаснеа цели четири часа и пуштена на терен е друга екипа, рече командирот. 
Во пожарот нема жртви, но причинета е голема материјална штета врз главниот објект на мелничко-пекарскиот капацитет кој е во приватна сопственост. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани