2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во  рамките на БИТ ФЕСТ, денес и утре продолжува програмата на „Џез фабрика фестивалот“.

Како дел од програмата на битолското културно лето, вчера во Битола, започна Балкан гала фестивалот. На првата концертна вечер на рок симфонија во придружба на Камерниот оркестар на Битола, настапија Ристо Вртев - Архангел, Гиле - Електрични Оргазам, Михајло Трајковски - Сак, Петар Младеновски - Суперхикс, Ружица - Ареа и Жарко Јакимоски.

Вечерва, како дел од поп симфонијата, со почеток во 20.30 часот на ракометното игралиште настапуваат Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски.
 
Балкан Гала '22 е уникатен дводневен фестивал единствен на овие простори, кој го сочинуваат најпопуларните проекти на Камерниот Оркестар на Битола во комбинација со најдобрите домашни и најпознатите изведувачи од Балканот.

Продолжува програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Оваа недела програмските содржини ќе понудат културни настани за сите генерации.

Како дел од програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во организација на Француската алијанса, а со поддршка од општина Битола, синоќа се одржа 20 јубилејно издание на Фестивалот „Солстис“ – празникот на музиката.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани