2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кога се работи за семејни слави во домашни објекти, МВР не може да биде информирано и да влезе без налог од Основното јавно обвинителство. ОЈО во одредени слуачи ни дава такви налози, а во други не ни ги издава, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес во Битола запрашан што МВР презема за да се запрат семејните прослави од кои излегоа повеќе кластери со заболени до коронавирус во земјава.

„Во ситуација кога не може да се дејствува веднаш вршиме препознавање на лицата и потоа се повикуваат во полициска станица и им се поднесува соодветен поднесок до Јавното обвинителство. Неопходно е граѓаните сами да бидат свесни и да носат заштита опрема зашто со доаѓањето на изборите претпоставувам дека сите тие мерки уште повеќе ќе бидат олабавени, најверојатно ќе се отворат границите од следната недела и граѓаните сами треба да бидат свесни за ризикот од заразата“, рече Чулев.

Вчера Здравствениот инспекторат го впери прстот во МВР и праша како моеже полицијата да не знае за семејните прослави. На прашањето ма апла.мк, Наќе Чулев одговори дека МВР ги презема сите неопходни активности за спречување на короната, но толкав им е капацитетот на вработени лица во секое сокаче. Додаде дека се вклучени во спровод на лица од граничнми премини, на контрола на мерки за изолација и самоизолација, ограничување на движењето во карантин, контроли по угостителски објекти.

„Само министерот за внатрешни работи не може да ја реши оваа панцемија и здравствена криза. Неопходен е мултидисциплинарен пристсп од исте институции , вклучеително и голема совесност и свесност од граѓаните“, рече тој.

На дневна основа се изрекуваат на подрачјето на СВР Битола кое опфаќа шест општини околу 100 пријави за неносење на заштитна лична опрема. Од воведувањето на забраната за ограничување на движење до денес СВР Битола за истата територија има изречено 580 кривични пријави по член 206.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани