АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На неколку дена пред почетокот на изборната кампања министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес во Битола изјави дека МВР поднело известување до Основното јавно обвинителство против директорот на ЕСМ Васко Ковачевски по пријава од фирма дека дури бил директор на РЕК извршил изнуда и барање на поткуп. Обвинувањата беа изнесени за време на посетата на Чулев во Битола од каде е Ковачевски. Тој ги отфрли ваквите обвинувањата како неодносваи и рече дека ова е доказ оти ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува МВР за партиско-политички чело. Најави дека и же го тужи министерот за клевета. Чулев е министерот за вантрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Валда предводена од СДСМ поставен според Пржинскиот концепт.
Чулев рече пријавата во полиција била поднесена во февруари годинава, а известувањето со потребната документација МВР го доставило до Обвинителството месеци и половина пред одржувањето на денешната прес конференција. Тој заборувајќи за поднесеното известување директорот на ЕСМ го посочи со име и презиме што не е случај во другите известувања на МВР поради пресумција на невиност. Настанот го оквалификува како кривично-правен настан, а побара од обвинителството да го расветли.
„Се вршело изнуда врз фирма која добила тендер за ископ на јаловина, реномирана фирма , која дала најповолна понуда. Но, од страна на директорот и раководството на РЕК било вршено притисок, односно изнуда за дел од договорот да биде отстапен на друга фирма, подизведувач, која нити има капацитет, нити има механизација, а е биска до СДСМ“, рече Чулев, кој е министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Владата предводена од СДСМ.
Чулев повикувајќи се на пријавата од фирмата рече „лицето кое го добило тендерот ја одбило изнудата при што од страна на директорот на РЕК му бил побаран поткуп во износ од 250 000 евра. Со оглед дека фирмата не се согласила ни да даде поткуп, ни да отстапи дел од договорот, се вршеле опструкции да не може да го исполни договорот, за на крај еднострано од РЕК да му биде раскинат договорот и активирана банкарската гаранција“.
Директорот на ЕСМ Ковачевски, исто така од Битола , му одговори на Чулев дека обвинувањата се неосновани
„Ова е доказ дека ја злоупотребува полицијата за партиско-политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Ги одбивам денешните негови обвинувања, не се точни. Помина времето на МВР-ВМРО кога се правеше хајка и се оцрнуваа неподобите за нив. Кога веќе Чулев сака да бара криминал му порачувам да се позанимава со времето на владеењето на Христијан Мицковски во АД ЕЛЕМ и да ги истражи тендерите за набавка и увоз на елкетрична енергија по екстремно високи цени и ангтажманот на неговите пријатели за консултации како адвокати. За овие негови обвинувања ќе поднесам кривична пријава против него“, рече Ковачевски.