АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП Комуналец и Општина Битола започнаа со реализација на проектот кој ќе придонесе за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, а пред се на пешаците.
Старото улично осветлување во битолската населба Карпош се заменува со нови ЛЕД штедливи светилки. Светилките не само што ќе го подобрат квалитетот на осветлувањето, туку и ќе донесат и заштеда. Дел од градот веќе е опфатен со ЛЕД осветлувањето, а градоначалничката Наташа Петровска најави дека ќе бидат поставени во секое уличе.
Атмосферата од новото лед осветлување на Булеварот Први Мај се надополнува и новогодишното украсување.
-Воведовме ново менаџирање во осветлувањето, каде ги воведуваме лед сијалиците со кои само на улицата Васко Карангелевски добиваме заштеда од 9000 евра на годишно ниво. Деновиве продолжуваме со осветлување на Булеварот „Први Мај“, улицата Филип Втори Македонски (поранешна Иван Милутиновиќ), велат од Општина Битола.