АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Транспортер2“ е кодното име на новата истрага на Специјалното јавно обвинителство, кое е продолжение на незаконските дејствија со превозот на ученици во Битола, обајви СЈО на прес конференција поладнево. Истрагата се води против десет осмничени лица, меѓу кои повторно е поранешниот градоначалник Владимир Талески, поранешниот секретар на Општината, Слободан Бончановски, пет превозници кои што се веќе опфатени во обвинението за предметот„ Транспортер“, а во оваа истрага вклучени се и тројца поранешни директори на училишта кои не беа опфатени со претходниот предмет.