АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Детската градинка "Вангел Мајоро" која е клон на ЈОУДГ " Естреја Овадија Мара", летово е комплетно молерисана, а паркетот е темелно лакиран, за првпат по 40 години. Фотографиите ПРЕД и ПОТОА, покажуваат во каква состојба бил објектот и каков е сега.
Со низа активности кои го означуваат развојот на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ од отворањето на првата градинка до денес, оваа установа ќе го одбележи 60 годишниот јубилеј од своето постоење. Активностите се прилагодени на вонредната состојба, односно ќе бидат електронски, па од денес до следната сабота ќе бидат споделувани на официјалната фејсбук-страница на градинката. Токму овде, денеска е објавено и видео обраќањето на диркеторката Лидија Тфирст Митревска, кое има наслов во стих „Од секоја слика-некој спомен блика. За сè што правиме-со јубилеј славиме“.
На 25 декември во 1923 година, во Битола е родена Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Воспитниот тим и родителите на децата згрижени во сите девет клона на градинката „Естреја Овадија Мара“ денеска со хуманитарен саем на домашно подготвена храна го одбележаа Светскиот ден на борба против гладот.