АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
С О О П Ш Т Е Н И Е !
Се известуваат пензионерите од Општина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека во мецес мај и почетокот на јуни пред почетокот на високите температури се организира и реализира планираната пролетна екскурзија.
Сите заинтересирани пензионери можат да се пријавуваат кај председателите на ограноците.
Времето и релацијата на екскурзијата ги договараат председателите на ограноците со пензионерите.
Здружение на пензионери Битола
Членови на Здружението на пензионери од Битола 21 март, Денот на пролетта, го одбележаа со еколошка акција чистејќи неколку локации низ градот. Тие од уличен смет го исчистија просторот околу Основното училиште ,,Климент Охридски“, улиците „Игњат Атанасовски“ ,„ЈНА“ , „Смилевски конгрес“, чистеа во Буковска населба, околу Безистенот и други места.
„Се надевеме дека ваквиот пример ќе го следат и други граѓани на Битола за заедно да придонесме за почист градот“, рекоа од Здружението
Здружението за пензионери во својата програма за работа има планирано активности за заштита на човековата околина и унапредување на животната средина.
ПРЕД
ПОТОА
Членови на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола го посетија Домот за стари лица „Сју Рајдер“ и донираа 100 постелнини. Штитениците во домот ги поздрави претседателката на Здружението на пензионери, Даница Петличкова и воедно им посака здравје и долг живот.
„Донацијата ја даваме за нашите пензионери кои од различни причини животот го продолжуваат згружени во Домот ‘Сју Рајдер’ во Битола. Тие се наши пензионери, наши граѓани, наши пријатели кои заслужуваат да имаат мирен, спокоен и сигурен дом“, рече Петличкова.
Заедно со претставниците од Здружението беше и пејачката група „Сирма Војвода“ која на штитениците од Домот им одржа и концерт со народни македонски песни. Задоволни станарите на Домот запеаја и заиграа заедно со посетителите. На крај ги испратија со аплауз и желба пак да ги посетатат.
Се известуваат пензионерите од Oпштина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека во среда 15.03.2023 год. со почеток во 9 часот ќе се врши запишување на огревно дрво.
Цената на огревното дрво ке изнесува 4.800,00 ден. по просторен метар и за даб и за бука. Плаќањето ќе биде на 5 рати.
Запишувањето ке се врши од страна на председателите на ограноците во просториите на месните заедници. Во месните заедници каде нема простор за запишување на огревно дрво, запишувањето ке се врши во салата на ЗП Битола и тоа за месните ограноци: ,,Блаже Рогозинаро,, ,,Велко Влаховик,, и ,,Естреа Овадија Мара,, во среда на 15.03.2023 год со почеток во 9 часот, додека за месниот огранок ,,Стив Наумов,, и ,,Стево Патако,, запишувањето ќе се врши на 16. 03. 2023 год. во салата на ЗП. Битола со почеток во 9 часот.
Пензионерите од Месниот огранок ,,Даме Груев,, ќе запишуваат огревно дрво во просториите на М З ,,Борис Бастерот,, на 16.03 2023 год со почеток во 9 часот. Пензионерите од огранокот ,,Елпида Караманди,, огревно дрво ке запишуваат во просторите на М.З ,,К. Канински,, на 15. 03. 2023 год со почеток во 9 часот, додека пензионерите од Месниот огранок ,,Таки Даскало,, ќе запишуваат огревно дрво во основното училиште ,,Ѓорги Сугарев,, на 15.03. 2023год. со почеток во 9 часот.
Запишувањето на огревното дрво ќе се врши по принципот прв дојден прв услужен.
Со почит, Здружение на пензионери Битола
Предлог програмата за работа на Здружението на пензионери Битола за следната година беше предмет на расправа пред членовите на Извршниот одбор, претседателите на пезнионерските ограноци и Собранието на пензионери.