АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Собранието на Здружението на пензионери од Битола под претседателство на Крсте Белевски на својата седница ги усвои извештаите за работа и активностите за 2022 година. Белевски во своето излагање истакна дека поголем број пензионери активно учествуваат во разни спроведени активности за донирање средства и помош на пензионери со ниски примања, како и во другите манифестации кои ова Здружение успешно ги спроведуваше на ниво на општина и на држава.
О Г Л А С
За прибирање на ПОНУДИ за свежо свинско месо
Здружението на пензионери Битола ги повикува заинтересираните производители и дистрибутери на свежо свинско месо да достават понуди за свински половинки (одрани без кожа со половина глава со тежина од 25-35 кг.). Свињите да се од домашно производство, да потекнуваат од една фарма, со што ќе се обезбеди едноличен квалитет. Доставувачите на понудата треба да имаат и продавница за месо преку која ќе се врши дистрибуирањето на свинските половинки.
Секој понудувач треба да достави писмен доказ дека поседува продавница за месо, а при испораката на свинските полутки да се придржува кон сите мерки и протоколи пропишани од здраствените органи предвидени за испорака на ваков вид на производи.
При изборот на најповолна понуда Комисијата ќе ја зема во предвид цената и квалитетот на месото.
Понудите да бидат доставени до Здружението на пензионери Битола, во затворен плик со назнака ПОНУДА (по пошта или лично на рака) на следната адреса Здружение на пензионери Битола ул. „Булевар 1 ви Мај бр. 268“ Битола или на п.фах 109, најдоцна до 04.11.2022 год.
Огласот трае 5 дена од објавувањето т.е од 31.10.2022 до 04.11. 2022год.
Битола 28.10.2022 год.
Даница Петличкова останува на чело на Здружението на пензионери од Битола. Таа беше едногласно избрана за претседател на Ивршниот одбор, но и за прв човек на Здружението на редовните избори што се одржаа овој месец.
Од Здружението соопштија дека изборите се беа спроведени законски и во регуларна постапка.
Имено, на 22. 07.2022 година согласно Статутот на Здружението и Законот за здруженија и фондации, изборите ги распиша претседателот на собранието на Здружението на пензионери –Битола. Избоите по месните ограноци се одржаа на 25.07.2022 год. на собирите во месните ограноци и се избираа претставници за собранито и петочлен одбор заедно со претседател на огранокот
Со уредни доставен дневен ред и материјали Седницата на собранието беше закажана на 03.08.2002 година. Но, не се одржа поради упад на толпа од 150 пензионери кои ја узурпираа салата за состаноци во Здружението и бараа нови избори.
По вторпат седницата беше закажана за 08. 08.2022 година со 49 избрани преставници на Собранието, таа се одржа и беа избрани органите и телата во сгласност на статутот на ЗП Битола.
За претседател на извршниот одбор, а воедно и претседател на Здружението на пензионери, едногласно беше избрана Даница Петличкова досегашна претседателка. За претседател на Собранието едногласно беше избран Крсте Белевски и заменик Вера Горшевска. Избран беше и Надзорен одбор од три члена и Комисија за Статут и правни прашања, исто така од три члена.
Претседателката Петличкова се заблагодари на довербата и вети дека во следниот четиригодишен мандат заедно со нив ке продолжи да работи во согласност со Програмата за работа и финансискиот план ,во интерес на пензионерите.