2win800x200

Дебати за антикорупција, и за активна борба против корупцијата,  работилница –Имам  право да го кажам своето мислење, квиз –Правата на децата и нивните обврски, спортски натпревар-Играта е мој свет– Имаме право на игра беа дел од активностите во кое денеска учествуваа учениците и наставниците од ОУ „Гоце Делчев“-Битола.

Сите подеднакво ја покажаа својата креативност, вештини и знаења, стекнати во наставата на „Отворениот ден за Граѓанско образование“. Носители на активности за поттикнување на демократска клима во рамките на новиот концепт за Граѓанско образование беа учениците од 9 одделение.

го4

-Поттикнување на учениците да размислуваат за значењето и примената на она што го учат, во секојдневниот живот. Практикување на демократско однесување на учениците преку спроведување конкретна акција за позитивна промена во средината. Практикување и почитување на правата на децата. Учениците се чувствуваа пријатно на училиште, чувствуваат дека се слушнати и нивните идеи се вреднувани. Чувството на припадност кон училиштето (како заедница) се зголемува. Се подобрува мотивацијата за учење и училишниот успех, рече, директорката на ОУ „Гоце Делчев“-Битола, Биљана Стојковска. 

го2

го3

го5

го15

го6

го17

75625467 1778466345794134 8767091899786854400 n

го12

го11

го 1

Последните случувања кај младите беа лекција за повторување колку е значаен воспитниот елемент во образованието кај учениците.

Како дел од проектот „Мултиетничка интеграција на младите во образованието“ учениците од ОУ„ Гоце Делчев“- Битола беа вклучени во работилница со тема „Стоп на насилството“.Учество зедоа ученици од осмо и девето одделение и родители кои имаа можност на оваа работилница преку различни активности да се потсетат за сериозноста на оваа тема, последиците од насилството како и да научат како да се заштитат од насилно однесување на своите врсници.

Од педагошко-психолошката служба во ОУ „Гоце Делчев“, како реализатори на активноста изјавија  дека „Основна цел на оваа работилница и други слични работилници кои ги спроведуваме во училиштето е популаризирање на идеата кај младите за училиште без насилство низ формата на дисеминација. Безбедноста на учениците во училиштето е основниот предуслов за нивно чувство за припадност на заедницата, како и на атмосферата на доверба и соработка“. Училиште без насилство претставува  придобивка за сите без разлика на пол, етничка припадност и возраст, беше речено на работилницата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани