АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработени од хотел „Битола„ денес со лопати во рацете и земја се обидуваа да ја затрупаат дупката што зина во близина на хотелот. Таа е со пречник околу половина метар, длабочина околу два метри, а во внатрешниот дел исполнета е со вода. Засега не се знае од што точно се појавила, но претставува опасност зашто во хотелот престојуваат и стари лица, а на околу има згради, центри за едукација на деца и други фирми. На парче картон поставен е натпис „пази дупка“, но тоа како да го привлекува уште повеќе вниманието на минувачите, па сите ѕиркаат да видат што има внатре. Тоа е опасно бидејќи околното земјиште се лизга.