АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Водовод“ воведува нови практики во работењето со цел да ја подобри комуникацијата со граѓаните, сметките што ги доставуваат да содржат точни податоци за потрошената вода, но и да се подобри водоводниот систем и снабдувањето со вода од секој аспект. Во наредниот период претпријатието ќе инвестира и во проект за електронско читање на водомерите, со што воведува современи стандарди на работа, кои веќе се применуваат во други градови. Со тоа ќе сите состојби и промени за секој водомер ќе бидат евидентирани во база на податоци , а ќе се следи и ангажираноста на секој инкасант. Оваа инвестиција е околу 2 милиони денари.