АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 01.03.2023 во СВР Битола, Мери Стојанова (50) од Битола, директорка на Национална установа „Завод и Музеј“ - Битола, пријавила дека на 25.02.2023, по претходна дојава, таа и уште двајца вработени извршиле увид во археолошки локалитет „Влахо“ во с.Живојно, Општина Новаци. Притоа, на археолошкиот локалитет затекнале работници и механизација на фирма од Битола како вршат ископ на локалитетот без претходно извршено задолжително археолошко истражување на локалитетот. Според пријавеното, при увидот било констатирано дека е уништен голем дел од локалитетот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Археолошкиот локалитет Влахо кај битолското село Живојно во Пелагонија е најстарата неолитска населба во Македонија, што е потврдено со лабораториско датирање, соопшти Центарот за истражување предисторија.
Објавен е научен труд за археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија. Трудот е поврзан со минатогодишното истражување на овој предисториски локалитет и е публикуван во списанието Патримониум. Во него се сумирани резултатите од мултидисциплинарните истражувања кои се дел од континуираната соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола, во која учествуваат врвни стручњаци и студенти од Универзитетот во Базел, Германскиот археолошки институт, Универзитетот во Белград, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“,објави Телма
Трудот е концентриран на извонредните сознанија добиени од првите мултидисциплинарни проучувања на неолитската населба Влахо кај Живојно, на која се вршеше ископување, систематско рекогносцирање, археоботанички, археозоолошки и радиокарбон анализи. Истражувањата потврдија дека станува збор за една од најголемите неолитски населби во Македонија, во која која се живеело пред околу 8000 години и тоа во долг континуитет, што го покажуваат и повеќето архитектонски слоеви.
Архитектонските остатоци посочуваат на постоење мноштво куќи градени од лепеж и глинест малтер, кои во текот од неколку стотици години биле подигнати едни врз други и тоа во најмалку седум фази. Во нив се откриени фрагменти од одлично изработена керамика, декорирана со бело сликани орнаменти, како и фигурини, жртвеници, модели на куќи и повеќе видови камени и коскени алатки. Тие упатуват на динамичниот економски и духовен живот на едни од првите земјоделски популации што ја населиле Пелагонија околу 6000 години п.н.е. Тоа го потврдуваат и бројните органски остатоци кои се резултат на конзумирањето разни житарици и шумски плодови, како и на исхраната со домашни и диви животни.
Со публикувањето на овој труд се афирмираат исклучително ретките сознанија за неолитските населби на падините на пелагониските планини. Воедно, овој труд претставува и обид да се презентира и популаризира непознатото предисториско културно наследство во Македонија, кое изобилува со уникатни уметнички и технички одблесоци.
Пристапот кон овој труд е слободен и тој може да се преземе на следниот линк: